Свое поздравно обраќање и краток осврт на темата имаа г. Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, г. Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот Богословски Факултет ”Св. Климент Охридски” и г. Шабан Сулејмани, декан на Факултетот за Исламски Науки.
Во рамките на овој настан своја презентација на последното истражување насловено како и темата предмет на дискусија даде г. Владимир Божиновски, програмски менаџер на Институтот за Политички истражувања – Скопје.
На панел дискусијата модерирана од страна на г. Марјан Николовски, новинар и основач на интернет порталот Religija.mk, учество земаа г. Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, г. Александар Спасеновски, професор на Правниот Факултет ”Јустинијан Први” - Скопје и г. Али Пајазити од Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово. Во рамките на панелот говорниците заедно со присутните дискутираа по многуте отворени прашања кои се појавија по објавувањето на резултатите од пописот кој беше спроведен минатата година.