Извештаи за настани
Прирачникот е изготвен како практична алатка која ќе им послужи на државните службеници и вработените во локалната самоуправа во секојдневното работење, придонесувајќи кон јакнење на доброто владеење на локално ниво. Тој претставува краток сублимат на прописите во Македонија, односно што е корупција, кои се обврските на Државната комисија за спречување на корупцијата но и начелата за постапување на службените лица.
За време на настанот свои излагања имаа Коце Трајановски – претседател на ЗЕЛС, Тимчо Муцунски – заменик министер за информатичко општество и администрација, Јоханес Рај – Постојан преставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Јасна Оровчанец Анѓелковиќ и Мартина Мартинова од МЗМП.
Прирачникот може да се преземе од нашата веб страна и е достапен на македонски и албански јазик.