Asset Publisher

Извештаи за настани

РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДНИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Промоција на публикација

Фондација Конрад Аденауер и Институт за демократија „Социетас цивилис“ во ЕУ Инфо центарот ги промовираа публикациите „Реформа на судството во Република Македонија: Промени без реформи?“ и „Уставниот суд изгубен во судските реформи“.

Asset Publisher

На почеток

Двете публикации се дел од проектот „Perform on reform – Следење на реформскиот процес“ и се во авторство на Денис Прешова, соработник на ИДСЦС. Стручен коментар на трудовите даде г-а Мирјана Лазаровска-Трајковска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Првата анализа преку ставање акцент на независноста на судствотото, ги посочува слабостите и опстојувањето на досегашниот модел за заштита на независноста на судството преку кратка анализа на три аспекти на судските реформи.

Во втората се обработува уставното судство во Република Македонија осврнувајќи се на потенцијалното позитивно влијание кое овој суд би можело да ја има врз судството, а низ призма на гореспоменатите судски реформи.

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher