Извештаи за настани
Главната тема на овогодинешната Летна школа беше "Справување со заеднички безбедности предизвици од бегалската и мигрантската криза".
На летната школа учество земаа преку 30 студенти од Македонија, Грција и Бугарија кои разменуваат мислења и ставови на теми поврзани со бегалската криза и тоа: Справување со бегалските движења и ефикасна гранична контрола, Радикализацијата како безбедносен предизвик и Политичката и економската стабилност на земјите од Балкан како предуслов за ефикасно справување со кризи.
Предавањата и работилниците за време на Летната школа беа реализирани од експерти од Факултетот за Безбедност во Скопје, Аристотелис Универзитетот во Солун но и Универзитетот Св.Климент Охридски од Софија.