Извештаи за настани
Настанот се одржа од 20 до 22 март 2017 година во Скопје и Крушево на кој присуствуваа студенти и професори од Македонија, Хрватска и Србија како и експерти и други засегнати лица од нашата земја.
Зимската школа започна со прием кај министерот за надворешни работи Никола Поповски, а потоа продолжи со тридневен семинар на тема “Меѓугранична соработка во справувањето со заедничките безбедносни предизвици од мигрантската и бегалската криза. За време на зимската школа учесниците имаа можност да разменуваат мислења за соработка, координација и спроведување на безбедносната политика и стратешките насоки за миграцијата и безбедноста.