Asset Publisher

Извештаи за настани

Регионална Школа 2020

Општество и Религија: Етничка припадност, Идентитет и Национализам

Во периодот помеѓу 13. – 15. Октомври Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии ја организираа регионалната школа “Општество и Религија: Етнички групи, Идентитет и Национализам”.

Asset Publisher

На почеток

На школата учество земаа млади студенти и истражувачи од 10 земји во регионот како и еминентни предавачи кои заедно имаа прилика да дискутираат за тоа како религијата, етничката припадност и национализмот влијаат врз индивидуата и општеството воопшто.

На воведната панел сесија учесниците имаа можност да следат предавања во врска со најновите достигнувања и актуелните случувања на следните теми:

  • Културата како централна компонента на националниот идентитет – Јанко Љумовиќ, Универзитет на Црна Гора, Подгорица
  • Национализам и експресивни форми – Ненад Марковиќ, Правен факултет “Јустинијан Први”, Скопје
  • Важноста на плурализмот во кохезивна демократија – Ангелос Касканис, Тактички институт за безбедност и спречување на тероризам, Лондон
  • Регионална соработка за развој и интеграција – Кренаре Гаши-Красниќи, Регионална канцеларија за младинска соработка, Приштина
  • Социјални медиуми и менливото лице на новинарството – Алваро де ла Круз, Вилфрид Мартенс Центар за европски студии, Брисел

Во следните два работни дена беше организирана работилница насочена кон развој на идеи за спроведување на локални иницијативи од страна на Горазд Смилевски и Маја Кочоска, Експерти.

Како резултат на работата во групи, учесниците развија 8 иницијативи кои ќе бидат спроведени во нивната локална заедница во наредниот период.

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher