На школата учество земаа млади студенти и истражувачи од девет земји во регионот како и еминентни предавачи кои заедно имаа прилика да дискутираат за тоа како религијата, етничката припадност и национализмот влијаат врз индивидуата и општеството воопшто.
Работната програма беше поделена на две панел сесии. Во првата панел дискусија учесниците имаа можност да следат предавања во врска со најновите достигнувања и актуелните случувања на следните теми:
Преиспитување на социјалната кохезија во мултиетнички и мултирелигиски општества - Марија Ристеска, Центар за истражување и креирање на политики
Од "Раздели па владеј" до "Обедини и води" наративи - Ненад Марковиќ, Правен факултет „Јустинијан Први“
Менталното и духовнот здравје како основа на човековата благосостојба - Александар Митов, Експерт за јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето
Верски верувања, практики и посветеност - Коста Милков, Балкански институт за вера и култура
модератор: Александар Спасеновски, Правен факултет „Јустинијан Први“
На втората панел дискусија учество земаа говорници од секоја земја учесник во регионот, кои дискутираа на тема како младите од сегашноста ги надминуваат проблемите од минатото. Модератор на панелот беше Иван Јованов, Лидери за образование, активизам и развој.
Ова беше шеста година по ред како школата е организирана од регионален карактер во блиска соработка со Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии од Брисел.