Главната тема на школата беше "Новата агенда на ЕУ во контекст на регионалниот безбедносен комплекс". Овогодинешната иницијатива на која земаа учество студенти, професори и експерти по безбедност од повеќе земји од регионот, односно Северна Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, беше спроведена во форма на серија вебинари и онлајн студентски работилници. Во рамки на овие пет дена студентите и експертите од областа на безбедноста разменуваат мислења и ставови на теми како социеталната и политичката безбедност во контекст на широкиот безбедносен комплекс, регионални безбедносни предизвици и можности за унапредување на регионалната соработка на полето на безбедноста и справувањето со кризи.