Целта на истражувањето беше да се испита расположението на граѓаните и нивната перцепција за тоа дали и во кој степен религијата и верските чувства се употребувани или злоупотребувани во политички цели.
Искуствата покажуваат дека во македонскиот политички дискурс, религијата честопати се појавува како адут на политичките партии во нивната агенда на дејствување, особено во периоди на предизборни и изборни циклуси.
Резултатите кои произлегуваат од ова истражување се еден патоказ и насока за самите верски институции како и за политичките фактори во кој правец да го градат својот однос за религиозните теми и верските чувства.