Asset Publisher

Извештаи за настани

Учениците од СУГС "Никола Карев" креираа сопствен модел на функционирање на Училишната заедница

СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ НА УЧИЛИШНА ЗАЕДНИЦА

Овој пилот проект е имплементиран од Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Младите можат и има за цел да ги зајакне капацитетите на учениците во создавање на одржлив модел на училишна заедница кој понатаму ќе може да се реплицира.

Asset Publisher

На почеток

Од 13-16 ноември во хотел Срна – Маврово се организираше завршниот настан во рамките на овој прв пилот проект.

На стратешкото планирање учествуваа 20 ученици на СУГС Никола Карев кои се воедно и членови на Училишната заедница.

Целта на семинарот беше самите ученици да направат предлог модел врз кој ќе се базира работата на Училишната заедница во наредните 3 години.

Низ 4 дневни интензивни сесии кои опфатија индивидуална и групна работа, учениците креираа модел кој опфати: дефинирана визија; дефинирана мисија; приоритети на делување; цели на делување; процедури за работа и акциски план.

Овој предлог модел понатаму ќе биде предмет на консултација со засегнатите страни во училиштето (директор, училишен одбор, наставнички совет, ученици) се до негово финално усвојување.

Asset Publisher

/ /

comment-portlet

Asset Publisher