Споредено со минатата година има промена во перцепцијата на граѓаните околу тоа која земја има најмногу влијание во Македонија и кои се нејзините најдобри надворешни сојузници. Граѓаните сметаат дека најголемо влијание имаат САД, ЕУ и Русија. Во поголема мера е зголемена перцепцијата за ЕУ како најдобар сојузник, а е намалена за Русија.
Растот на перцепцијата на граѓаните дека ЕУ е најдобриот странски сојузник на Македонија се должи на ангажманот на ЕУ во реформскиот процес како и зголемената видливост на активностите на Унијата во земјата. Притоа покрај растот на кредибилитетот на ЕУ се забележува пад во перцепцијата дека Русија е најдобриот странски сојузник на Македонија.
Целосните наоди можете да ги преземете од нашата веб-страна.