Asset Publisher

Извештаи за настани

Иднината на Европа и иднината на проширувањето

9 Мај – Денот на Европа

На 19 мај, КАС во соработка со Европското движење во Република Северна Македонија и Делегацијата на Европската унија организираа хибриден настан на тема „Иднината на Европа и иднината на проширувањето“ како завршна манифестација во рамки на овогодишното одбележување на 9 Мај – Денот на Европа.

Asset Publisher

На почеток

Дебатата ја отвори Претседателката на Европско движење, Милева Ѓуровска која во своето поздравно обраќање истакна дека оваа година е 30 годишнината од основањето на ова движење. Според неа, евроинтеграцијата мора да продолжи и потенцираше дека Балканот не е периферија, туку дел од заокружувањето на проектот на обединета Европа.

Официјалниот претставник на КАС, Даниел Браун во своето обраќање подвлече дека фондацијата и Германија се долгогодишни поддржувачи на Евроинтеграцискиот процес на земјата, уште од 2005 година. Тој додаде дека за жал за време на пандемијата Европската унија не беше во состојба да ги поддржи земјите од регионот со вакцини, додека во тоа други актери како Кина беа поуспешни. Наводната поголема ефикасност на Кина не би требало да не натера да заборавиме дека ЕУ како унија заснована на вредности на демократски држави се залага многу повеќе за демократија, слобода, човекови права како и заштитата на животната околина  отколку други актери. Тоа што процесите на донесување одлуки понекогаш траат малку подолго е интегрален дел од дискусијата во една демократија, која се обидува да ги вклучи сите луѓе во дебатата. 

Тој се осврна и на билатералниот проблем со кој во моментов Северна Македонија се соочува и кој го попречува почетокот на пристапните преговори со Европската унија. Сето ова сосема очекувано ќе отвори можности за други геополитички актери и нема да биде неочекувано доколку Северна Македонија истите би ги земала во предвид поради разочарувањето за неотпочнување на пристапните преговори. Сето ова ја покажува неопходноста да се делува веднаш во процесот на ЕУ-пристапување на Западниот Балкан. Благосостојбата, безбедноста и можностите, кои ЕУ ги нуди како за членките така и за оние надвор од ЕУ  се многу позначајни од билатералните конфликти. Западниот Балкан е дел од Европа и со тоа природен кандидат за членка на Европската Унија.

Модераторот на овој настан, поранешниот Заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Васко Наумовски на почетокот на дебатата истакна дека КАС во изминатите 20 години во континуитет го подржува евроинтеграцискиот процес на земјата. Македонските преговори за членство во ЕУ ги претстави како пат со многу подеми и падови, но и пат од кој земјата не смее да се откаже.

Дебатата ја отвори Н.Е. Анке Холштајн, Амбасадор на Сојузна Република Германија, која ја презентираше идејата за проектот “Future of Europe”, кој им дава на луѓето шанса да кажат во каква Европа сакаат да живеат. Таа нагласи дека консензусот како практика е сеуште тука и покрај повеќето обиди да се промени, и дека токму проширувањето е најголема жртва на тоа. „26 земји членки се држат како заложници од некои мали национални интереси на една земја која прави штета на целата Европска Унија и го уништува нејзиниот кредибилитет на Западен Балкан“ – рече Н.Е Холштајн.

Според неа ЕУ мора да го држи процесот на проширување отворен за сите земји кои сакаат да станат членки на унијата, доколку ги исполнуваат потребните услови. Во спротивно, ќе се отвори врата за други влијанија во регионот.

Амбасадорката нагласи дека билатералните проблеми мора да се решаваат билатерално, нагласувајќи дека земјата мора да биде спремна и да го искористи евентуалниот почеток на преговорите со брзо затворање на истите.

Калинка Габер, Државен секретар при Секретаријатот за европски прашања во своето излагање оцени дека процесот на проширување е тест за геополитичката моќ на Европската унија и нагласи дека ЕУ го ризикува кредибилитетот со неисполнувањето на своите ветувања.

Александар Николоски, Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции на дебатата истакна дека иако целта на сите политички партии е членство во ЕУ, не е оптимист дека наскоро ќе се одржи првата меѓувладина конференција. Тој побара и интензивирање на регионалната соработка, посериозна борба со корупцијата и инвестиции во инфраструктурата преку европските фондови.

Арта Биљали – Зендели, Заменик претседателката на Комисијата за европски прашања нагласи дека не смее да се заборават идеите на Шуман и дека ЕУ се справува со проблеми за време на целото свое постоење, а сега пандемијата со Ковид-19 е проблемот број еден на унијата, што ги става сите други прашања во втор план. Според неа, не е прашање дали земјата ќе оди по евроинтеграцискиот пат, туку треба да се најде начин како побрзо да се исполнат обврските на тој пат.

Мухамед Халили, Претседателот на советот на Амбасадори истакна дека додека бил Амбасадор на земјата во Данска, Северна Македонија била лидер во регионот и се очекувало прва да ги започне и заврши преговорите. Тој подвлече дека политичарите вината редовно ја префрлаат на Грција и Бугарија без да ги признаат вистинските недостатоци на државата и да работат на нив, посебно нагласувајќи ги потребните реформи во правосудниот систем.

По завршувањето на дебатата, Претседателката на Европското движење Ѓуровска ја додели плакетата за Европска личност за 2020 година на д-р Илир Демири.

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher