Извештаи за настани
На настанот свои обраќања имаа и Јоханес Д. Раи, официјален претставник на КАС во Македонија, германскиот амбасадор во Македонија Н.Е. Томас Герберих, Зоран Нечев, постар истражувач и раководител на Центарот за европски интеграции при ИДСЦС и Емина Нурединоска, раководител на одделот за граѓанско општество при Македонскиот центар за меѓународна соработка.
За време на настанот беше промовиран и документот за политики „Македонскиот модел за вклучување на граѓанските организации во пристапните преговори“ на авторот Иван Николовски од ИДСЦС во рамки на проектот „Perform to Reform” поддржан од Фондацијата Конрад Аденауер.
Главните точки на дискусија се темелеа на моделите кои Македонија може да ги користи во преговорите за влез во Европската унија, начините на кои граѓанските организации можат да се вклучат како и искуството кое може Македонија да го извлече од соседните земји кои веќе преговараат за влез во ЕУ.