На работилницата учествуваа претежно млади новинари од повеќе медиуми, а во улога на обучувачи беа новинарите Столе Наумов и Маја Јовановска.
Вебинарот беше фокусиран на подобрување на вештините и техниките за интервјуирање, а беа опфатени и теми од истражувачкото новинарство. Се разговараше и за новинарството и медиумите во време на пандемијата со коронавирусот во насока на етичко и професионално известување.
Гости на работилницата беа Министерот за здравство, Венко Филипче и Мирче Адамчевски, новинар кој го победи коронавирусот. Учесниците имаа можност да разговараат со нив и да се информираат за сите прашања поврзани со пандемијата и нивните лични искуства. Освен тоа се разговараше за работата на медиумите и комуникацијата на министерот со новинарите во време на кризата.
По завршувањето на вебинарот, учесниците беа поделени во четири групи, во чии рамки заеднички ќе треба да изготват новинарски продукти кои потоа ќе бидат објавени и споделени на каналите за комуникација на КАС и ЗНМ.