Asset Publisher

Извештаи за настани

Се оддржа вториот Меѓурелигиски час помеѓу студентите од факултетите за богословија и за исламски науки

На 14.03.2017 година во х. Мериот во Скопје се одржа вториот Меѓурелигиски час на тема: Перцепциите на граѓаните за религијата и нејзината улога во мултиконфесионалните општества.

Asset Publisher

На почеток

Меѓурелигискиот час беше наменет за студентите на Православниот Богословски Факултет и Факултетот за Исламски Науки и имаше за цел да ги вклучи студентите и други заинтересирани и да им обезбеди простор за неформални дискусии на теми поврзани со религијата како и дневно-општествени теми од особен интерес.

За време на настанот свое обраќање имаше о. Бобан Митевски од Македонската Православна Црква и г. Агрон Војника од Исламската Верска Заедница. Со нивните обраќања се отвори дискусија за улогата на религијата во креирање на етникумите, потоа толерантноста помеѓу религиите но и улогата на религиските лидери во креирањето на јавното мислење.

На самиот настан беше промовирано и истражувањето “Перцепциите на граѓаните за религијата и нејзината улога во мултиконфесионалните општествa” спроведено од г. Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања (ИПИС) и г. Марјан Николовски од молитвеникот за информации Религија.мк. Истражувањето е достапно на нашата веб-страна на македонски јазик.

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher