Discussion
Details
Промоцијата во форма на панел дискусија ќе се одржи на 16 мај во читалната на Правниот Факултет “Јустинијан Први”-Скопје, со почеток во 11:00 часот.
Настанот ќе го отворат деканот на Правниот факултет Проф. д-р Сашо Георгиевски и Координаторот на Фондацијата Конрад Аденауер за Западен Балкан и Југоисточна Европа Александер Берибес.
Заклучоците од публикацијата ќе бидат презентирани од страна еден од авторите на публикацијата, Ана Крстиновска од Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА.
Дискутанти на панел-дискусијата ќе бидат: Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македониjа и професорите при Правниот факултет “Јустинијан Први” - Скопје, Проф. д-р Васко Наумовски, Проф. д-р Александар Спасеновски и Проф. д-р Александар Љ. Спасов.
*Публикацијата која е во издание на Фондацијата Конрад Аденауер и ЕСТИМА ja анализира ранливоста на Република Северна Македонија кон економскиот притисок од Народна Република Кина во три главни области: трговија, инвестиции и надворешен јавен долг. Потпирајќи се на искуствата од други земји, анализата има за цел да ја подигне свеста за т.н. економска принуда како алатка која ѝ овозможува на Кина да ја искористи својата економска предност против овие земји за да постигне политички цели, со различни исходи.
Работни јазици на настанот се македонски и англиски. Обезбедено е симултано толкување.