Asset Publisher

Публикација

Создавање европска Oпштина Ново Село: Политика на интегритет за нула корупција

Студија за интегритет и Прирачник за интегритет

На крајот од 2022 година Фондацијата Конрад Аденауер и Правниот факултет „Јустинијан Први“ ја иницираа новата фаза од проектот „Создавање европска општина: Политика на интегритет за нула корупција“. Во првата фаза од овој проект беше селектирана Општина Аеродром. Додека во втората фаза се селектирани општините Ново Село и Гевгелија.

Asset Publisher

На почеток

Handbook Creating a European Municipality of Novo Selo - Integrity Policy for 0 Corruption

Во конкретна смисла, со реализацијата на оваа заедничка активност се влијае позитивно во насока на:

Прво, намалување на можностите за корупција во општините преку детектирање на ризиците по интегритетот и формулирање  соодветни мерки за нивно неутрализирање;

Второ, намалување на можностите за грешки во работењето на општините преку детектирање  слабости во постапките за донесување одлуки во најширока смисла на зборот; како и

Трето, зголемување на довербата на граѓаните во нивната единица на локална самоуправа.

За да се постигнат овие цели, во рамките на проектот за секоја од општините се изработија два документа:

Прво, Студија за интегритет

Второ, Прирачник за интегритет

Студијата за интегритет претставува анализа во која е претставено функционирањето на единицата на локалната самоуправа од аспект на нејзините клучни надлежности, односно: водењето  управни постапки и односи со странки; регрутирањето  кадри и управувањето со човечки ресурси; јавните набавки и управувањето со средствата во поширока смисла на зборот, како и други поважни надлежности.

Во Прирачникот за интегритет се предвидуваат мерки за неутрализирање на секој од детектирани ризиците во Студијата.

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher