Форум
Details
Форумот има за цел да поттикне дискусија за улогата на Собранието во демократијата во Република Северна Македонија како и за улогата на законодавниот дом во процесот на создавање на демократска и самостојна држава.
Почесни гости и говорници на 5. Македонско-германски форум ќе бидат Проф. Д-р. Норберт Ламерт, Претседател на Фондација Конрад Аденауер и поранешен Претседател на Германскиот Бундестаг (со обраќање преку видео-конференциска врска) и г-н Горан Мисовски, Потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија.
На панел дискусијата на тема “30 години независност - улогата на Собранието во демократијата” покрај пратениците од Собранието на Република Северна Македонија ќе земе учество и г-ѓа Марион Валсман, Пратеничка во Европскиот парламент / Потпретседателка на заедничкиот парламентарен комитет на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.
Во рамки на 5. Македонско-германски форум ќе биде промовирана и анализата “30 години независност”.
На настанот ќе биде обезбеден симултан превод на македонски, албански, германски и англиски.
Настанот ќе биде организиран во согласност со сите безбедносни протоколи за заштита од корона вирусот.