Работилница
Details
На работилницата ќе учествуваат двајца искусни тренери, Борис Ристовски и Мартин Петровски, кои детално ќе ја обработат темата преку практични примери. Дополнително, на работилницата ќе присуствуваат и гости предавачи кои ќе ги презентираат своите искуства со имплементацијата на вештачката интелигенција во новинарските процеси како и иднината на вештачката интелигенција во редакциите во земјата.
Настанот ќе биде отворен од страна на официјалниот претставник на КАС, Даниел Браун, и претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.
Примена на вештачката интелигенција во редакциите претставува значаен чекор кон дигитализација и унапредување на новинарството, но истовремено наметнува прашања за безбедноста, етиката и интегритетот на информациите. Балансот на иновациите со заштитата на јавниот интерес и слободата на изразување е клучно за иднината на медиумите.
Целта на оваа работилница е размена на искуства и идеи за ефективна интеграција на вештачката интелигенција во редакциите, со фокус на препознавање на ризиците и предлагање решенија кои ќе придонесат за одржлив напредок во медиумската индустрија.
Работилницата е отворена за млади и искусни новинари и ентузијасти кои креираат медиумска содржина.