Работилница
Details
Проектот има за цел да придонесе за натамошно унапредување на интегритетот и на културата на законитост во општината.
Изминатите месеци, експерти од Правниот факултет спроведоа повеќеслојни истражувања на нормативните и на практичните аспекти на работата на општината Аердором кои резултираа со изработка на студија, како и прирачник во кој се содржани конкретни предлози за натамошно унапредување на транспарентноста и на отчетноста на оваа единица на локалната самоуправа.
Настанот ќе биде отворен од страна на Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер и Тимчо Муцунски, Градоначалник на Општина Аеродром.
Обуката ќе биде реализирана од експертите од Правниот факултет Александар Спасеновски и Константин Битраков.
Фондацијата Конрад Аденауер, како во минатото, така и во иднина заедно со своите партнери продолжува со реализација на најширок спектар на активности во функција на унапредување на вкупните демократски состојби во државата.