Asset Publisher

Извештаи за настани

Создавање европска општина: Политика на интегритет за 0 корупција

Обука

На 6 септември во Општина Аеродром се одржа еднодневна обука за вработените во општината, како последна активност во рамки на заедничкиот проект „Создавање европска општина: Политика на интегритет за 0 корупција“ реализиран од страна на Фондацијата Конрад Аденауер, Правникот факултет „Јустинијан Први“ и Општина Аеродром.

Asset Publisher

На почеток

Изминатите месеци, експерти од Правниот факултет спроведоа повеќеслојни истражувања на нормативните и на практичните аспекти на работата на општината Аеродром кои резултираа со изработка на студија, како и прирачник во кој се содржани конкретни предлози за натамошно унапредување на транспарентноста и на отчетноста на оваа единица на локалната самоуправа.

Обуката ја отвори Официјалниот претставник на КАС Даниел Браун, кој ѝ се заблагодари на Општина Аеродром за заедничката иницијатива Прирачникот за интегритет на Општина Аеродром „Создавање европска општина: Политика на интегритет за 0 корупција“. Притоа тој нагласи дека суштински е истото да биде реализирано во соработка со вработените во локалната самоуправа и како денес да се понуди соодветна обука.

Според него граѓаните и локалната администрација се всушност даночни обврзници од една страна и оние кои им нудат услуги на даночните обврзници од друга страна и овој однос што постои на локално ниво се отсликува и на целата држава што се однесува до репутацијата и довербата кон  државата и нејзините институции. Во локалната самоуправа лежи основата за развивање на свест за правна држава и функционални институции. Локалната администрација е всушност првата слика/визит карта на државата.  

Во име на Општина Аеродром пред присутните се обрати Секретарот на општината Јулијана Павковска Боцевска.

Според Општина Аеродром целокупното функционирање на општината мора да биде насочено кон обезбедување ефикасен систем на добро управување и добро владеење. Поради тоа овој проект претставува сериозен симболичен почеток на еден нов начин и нов систем на функционирање на општините, којшто општината сака да го наметнеме.

Во имплементација на проектот беа вклучени експертите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ проф. д-р Александар Спасеновски, проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Константин Битраков. Во рамките на обуката експертскиот тим ги посочи ризиците, а предложи и конкретни мерки и активности за намалување на детектираните ризици по интегритетот на Општина Аеродром.

За време на обуката, Александар Спасеновски се осврна на поимот на интегритет, но и потребата од градење на систем на интегритет во единиците на локалната самоуправа. Во таа конотација тој претстави повеќе истражувања на јавното мислење и анкети од кои произлегува дека граѓаните се скептични од аспект на интегритетот на институциите и антикорупциските мерки. Токму поради тоа, нагласи тој, потребно е секоја институција самостојно да преземе мерки за зајакнување на сопствениот интегритет. Дополнително, Спасеновски појасни дека системот на интегритет се гради така што пред сѐ се воочуваат ризиците по повод интегритетот во една организација за потоа да се предвидат активности и мерки, односно воспоставување на механизми за подобрување на состојбите. На крајот тој накратко се осврна на преземените активности за да се подготви Прирачникот за интегритетот на Општина Аеродром.

Константин Битраков се осврна на секој од детектираните ризици по повод интегритетот на Општина Аеродром, опишани во посебна студија за таа намена, како и на предвидените мерки за намалување на споменатите ризици. Имено, ризиците беа претставени и за нив беше продискутирано со присутните вработени од општината, кои дадоа свои гледишта. Освен тоа, секоја од предвидените мерки беше образложена и, онаму каде што постоеше потреба, модифицирана за да биде поадекватно на потребите на Општина Аеродром. Ризици беа констатирани во поглед на управните постапки и донесувањето на поединечни акти надвор од управна постапка, во поглед на јавните набавки, буџетирањето и финансиите, како и во сферата на човечките ресурси.

Фондацијата Конрад Аденауер, како во минатото, така и во иднина заедно со своите партнери продолжува со реализација на најширок спектар на активности во функција на унапредување на вкупните демократски состојби во државата.

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher