Семинар
Details
Имплементацијата на оваа обука е тесно поврзана со мисијата и визијата на RYCO, усогласена со експертизата и целите на ФЕС и КАС, и има за цел да поттикне активна соработка меѓу младите како основа за понатамошен локален и регионален развој. Учесниците на обуката се претставници од партиските подмладоци на политичките партии кои имаат претставник во Клубот за младински прашања и политики во Собранието.
За време на отворањето на обуката, поздравно обраќање ќе има Владимир Ѓорѓевски, Раководител на локалната канцеларија при Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO); Рене Шле, Постојан претставник на Фондацијата Фридрих Еберт за Косово и Северна Македонија и Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македонија и Косово.
Во текот на вториот ден од обуката, ќе се одржат три работилници под менторство на реномирани експерти од областа, и ќе опфатат модули поврзани со: онлајн комуникација, говор без омраза, основи на дебатирање, јавно говорење, како и за воената пропаганда и инфодемијата како закана и предизвик за локалната и регионалната безбедност.
Третиот ден од обуката ќе биде посветен на панел дискусија со членовите на Клубот за младински прашања и политики од Собранието, каде учесниците ќе се стекнат со директно искуство од младите пратеници околу темите поврзани со младинско учество и соработка во процесите на одлучување.
Клучни поуки од обуката:
Обука за онлајн комуникација и говор без омраза.
Основи на дебатирање и јавно говорење.
Воената пропаганда и инфодемијата како закана и предизвик за локалната и регионалната безбедност.
Работен јазик на обуката: англиски, македонски и албански со симултан превод.