Конференција
Details
Според традицијата, настанот има работно-свечен карактер кој предвидува повеќе активности во еден ден. Во првиот дел по свечените обраќања ќе се одржи панел дискусијата на тема „Европската Унија како предизвик и предизвиците на ЕУ: Европа 74 години од Шумановата декларација“.
Политички претставници и пратеници од новиот парламентарен состав ќе дискутираат за актуелниот состојби во Европската унија со фокус на проширувањето и македонските перспективи во тој контекст. На панел дискусијата се очекува присуството на високи претставници на институциите, на дипломатскиот кор, академската заедница, претставници на граѓанските здруженија, студенти и други чинители.
На настанот свое воведно обраќање ќе има Гордана Силјановска Давкова, Претседателка на Република Северна Македонија.
Во рамки на панел дискусијата ќе се обратат
Н.Е. Петра Дрекслер, Амбасадорка на Сојузна Република Германија
H.E. Хенрик Маркуш, Амбасадор на Република Словачка
Оливер Спасовски, Пратеник / СДСМ
Арбен Таравари, Градоначалник на Општина Гостивар / Коалиција „ВЛЕН“
Арбер Адеми, Пратеник / Потпретседател на ДУИ
Тимчо Муцунски, Градоначалник на Општина Аеродром / Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
Настанот ќе го отворат Милева Ѓуровска, Претседателка на Европско движење, Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер и Бен Нупнау, Заменик амбасадор на Делегацијата на Европската Унија.
Дискусијата ќе биде модерирана од Катерина Синадиновска, Уредничка на ТВ магазинот „Агенда 35“.
Вториот дел од настанот ќе бидат организиран како Младински клуб во рамки на кој ќе се одржат ораторски натпревар и младинска дебата на тема „Младите и демократските вредности: Дали сакам, дали можам и како да бидам активен граѓанин?“, со учество на студенти од поголемите универзитети во земјата; како и Квиз на знаење за ЕУ на кој ќе учествуваат средношколци од средните училишта во Градот Скопје.
На овој настан ќе биде доделена и плакетата за Европска личност на годината за 2023 година на оперскиот уметник Благој Нацоски. Оваа плакета Европското движење традиционално веќе повеќе од 20 години ја доделува на лица кои ги шират европските вредности во Северна Македонија, но и лица кои ја промовираат земјата во Европа и во светот.
Работни јазици на настанот се македонски, албански, англиски и германски (со обезбедено симултано толкување).
Одбележување на Денот на Европа – 9 Мај ќе се одржи на 04 јуни (вторник) со почеток од 11.00 часот во Ragusa Rooftop (Катна гаража “26 Јули”, Св. Кирил и Методиј бр.1).
Доколку сте заинтересирани да присуствувате на настанот потребно е да се пријавите на e-mail: skopje@kas.de или на телефон 02 3217 075 најдоцна до 31 мај (петок).