Онлајн-семинар
Детали
Одбележувањето на Денот на Европа ќе биде проследено со соодветни активности кои придонесуваат кон промоцијата на Европските вредности. Оваа година, поради ситуацијата предизвикана од пандемијата со Ковид-19, повеќето од активностите ќе бидат организираме онлајн.
Една од тие активности ќе биде и студентската дебата на тема: “Имам нешто да кажам за својата иднина” на која студенти од повеќе универзитети во земјата ќе дебатираат за тоа во какво општество сакаат да живеат младите во Северна Македонија.
Дебатата ќе се одржи на 27 Април 2021 (вторник) на платформата ZOOM од 12.00 до 13.30 часот.
Настанот ќе го отворат Милева Ѓуровска, Претседател на Европско движење и Даниел Браун, Официјален преставник на Фондацијата Конрад Аденауер.
За присуство на настанот, потребно е да се регистрирате на следниот линк најдоцна до 26 април (понеделник).
На настанот ќе биде обезбеден симултан превод на македонски албански и англиски јазик.