Asset Publisher

Извештаи за настани

Имам нешто да кажам за својата иднина

9 Мај – Денот на Европа

На 27 април 2021 година се одржа онлајн студентска дебата на тема „Имам нешто да кажам за својата иднина“ по повод 9 Мај, Денот на Европа. Овој настан беше реализиран во партнерска организација на Европското движење во Република Северна Македонија, КАС и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. Со учество на 40 студенти од повеќе универзитети во земјава, оваа дебата беше добра можност да се слушне во какво општество сакаат да живеат младите.

Asset Publisher

На почеток

Претседателката на Европското движење, Милева Ѓуровска ги повика студентите да зборуваат за предизвиците со кои се соочуваат, кои европски вредности се важни за нив и да ги споделат своите размислувања со јавноста.

Официјалниот претставник на КАС, Даниел Браун ги повика младите да не молчат, бидејќи демократијата не завршува кога ќе се изберат членовите на Собранието и на Владата, туку има уште многу важни работи за кои треба да се зборува секојдневно.

Студентите во фокусот на своите излагања како главен фактор во градењето европски вредности го ставија образованието, владеењето на правото, демократизација на општеството, искоренувањето на сиромаштијата и невработеноста.

И покрај тоа што во дебатата доминираше негативната перцепција на студентите за актуелната состојба и разочараност од стагнацијата на евроинтеграцијата, иселувањето и слабите перспективи, сепак можеа да се слушнат и оптимистички пораки и дискусии. Дел од студентите не се согласија дека младите треба да ја напуштат државата, туку дека тие треба да останат во земјата и да се изборат за подобра иднина. Некои од студентите зборуваа и за членството на земјата во ЕУ, според нив, самото членство во унијата нема да ни ги реши проблемите во општеството, туку истите треба да бидат решени од страна на државата но и од граѓаните.

Со студентската дебата, започна традиционалното одбележување на 9 Maj, Денот на Европа што Европското движење во соработка со КАС и Делегацијата на Европската Унија го организира секоја година со низа активности со цел да се придонесе кон промоцијата на европските вредности во земјата.

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher