Работилница
Details
Академијата е концепирана како тренинг-семинар наменет за истакнати активисти на централно и локално ниво од ВМРО-ДПМНЕ.
Во време на светски демократски предизвици, Фондацијата Конрад Аденауер цели кон зголемување на капацитетите на политички претставници и подобрување на нивната комуникација со граѓаните, стратешко размислување и позиционирање во политичките процеси, како и нудење мерки и политики за справување со предизвиците.
Тридневниот настан ќе се осврне на теми како што се улогата на Општинските комитети во ефективната комуникација со граѓаните, Комуникација и соработка со општинските комитети во рамки на изборните единици и ефикасни модели на односи со јавноста, етичност во комуницирањето, односите со медиумите, социјалните медиуми и нивната употреба за ефикасна комуникација со различни целни групи, како и стратешко позиционирање.
Политичката академија ќе ја отвори Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер; Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ; Гинтер Крихбаум, Пратеник во германскиот Бундестаг / Портпарол на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот за прашања поврзани со Европската Унија (видео обраќање) и Стефан Андоновски, Секретар за меѓународна соработка.
Пред присутните свое излагање ќе имаат и Ѓоргија Сајкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ како и Потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, Гордана Димитриеска Кочоска, Владо Мисајлоски и Тимчо Муцунски.