Asset Publisher

Извештаи за настани

Политичка академија 2024

Важноста на ефективната комуникација во градењето успех

Од 09 до 11 февруари, КАС во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ ја организираа Политичката академија наменета за активисти од ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, насловена како „Важноста на ефективната комуникација во градењето успех“. Овој настан опфати и стручни презентации на бројни домашни и странски политичари, како и експерти од практиката.

Asset Publisher

На почеток

На отворањето, преку видео врска, се обратија Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер  како и Гинтер Крихбаум, Пратеник во германскиот Бундестаг и портпарол на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот за прашања поврзани со Европската Унија.

Во своето поздравно обраќање, Официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун истакна „Професионалниот и позитивен настап е од големо значење за една политичка партија на сите нивоа. Локалното ниво е првата визит-карта на една партија за да ги убеди граѓаните во нејзината суштинска и лична компетентност во политичкото работење. ВМРО-ДПМНЕ е партија со силни корени во градовите и општините. Важно е истите да се зајакнат и понатаму да се развиваат овие вештини и способности, бидејќи довербата на граѓаните секогаш одново треба да се придобие“.

Пратеникот од ЦДУ, Гинтер Крихбаум, ги поздрави високите претставници на општински комитети истакнувајќи дека „...политиката е најуспешна, кога е најблиску до граѓаните, на локално ниво, каде мораме да се грижиме за потребите на своите граѓани.„ Тој истакна дека се надева дека и ВМРО-ДПМНЕ како членка на Европската Народна партија, ќе има можност наскоро да учествува на изборите за Европскиот Парламент, жалејќи поради билатерални разлики во минатото, што го одолговлечиле процесот на приклучување на земјата во ЕУ. Охрабрувајќи ги учесниците да продолжат со следните чекори во правец кон Европа, при што цврсто можат да сметаат на  поддршката на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот, но особено на ЦДУ како партија.

Пред присутните се обрати и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ја истакна важноста на транспарентната и отворена и отчетна комункација со граѓаните, во време на кампања, но и по преземањето на одговорноста да се води државата. "Со учеството во политичкиот живот, вие повеќе не сте само граѓанин, туку имате одговорност да ја претставувате на најдобар можен начин ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани. Затоа, таа комуникација мора да биде сериозна, посветена и достоинствена. Граѓаните заслужуваат политичари кои вистински се грижат за државата".

Пред присутните свое излагање имаа и Ѓоргија Сајкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, како и потпретседателите на партијата Александар Николоски, Гордана Димитриеска Кочоска, Владо Мисајлоски и Тимчо Муцунски, и Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски. Говорниците се задржаа на важноста на директната и транспарентна комуникација со граѓаните.

Вториот ден го започна Марија Митева, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол, која во интерактивна дискусија го опфати прашањето на клучните комуникациски пораки, подготовка и испорака на ефективна и ефикасна порака.

Понатаму, долгогодишниот новинар и уредник Искра Коровешовска, преку спроведување на работилници работеше со учесниците на теми кои се однесуваа на подготовка и одржување прес конференција, успешен пристап во интервју и подготовка за јавна дебата.

Последниот ден од тренинг-семинарот се осврна на комуникацијата преку социјалните медиуми. Околу правилното сопствено претставување во дигиталниот простор зборуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Додека пак експертот за дигитални медиуми, Стојче Стаменковски, се осврна во делот на дигиталните медиуми, анализирајќи и претставувајќи ги каналите, стратегиите и пристапот на овие нови медиуми.   

Во делот на заклучни согледувања на обуката, кон дискусиите се приклучија и Давор Пашоски, од Фондација Конрад Аденауер и Стефан Андоновски, Секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ. При што беше заклучено дека комуникацијата со граѓаните е клуч за успех во политиката и во креирањето на подобри услови за сите граѓани во земјата.

Тридневниот настан се осврна на теми како што се улогата на општинските комитети во ефективната комуникација со граѓаните, комуникација и соработка со општинските комитети во рамки на изборните единици и ефикасни модели на односи со јавноста, етичност во комуницирањето, односите со медиумите, социјалните медиуми и нивната употреба за ефикасна комуникација со различни целни групи, како и стратешко позиционирање.

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher