Работилница
Details
Фондацијата Конрад Аденауер, за свој приоритет ја има поддршката на политичките претставници на граѓаните во креирање политики кои се базирани на вредности, податоци, како и нудење мерки кои значат справување со предизвиците.
Тридневниот настан ќе се осврне на теми како што се визионирање, лидерство и стратешко планирање во периодот кој следи. Присутните ќе учествуваат на панел дискусии кои ќе ја анализираат улогата на слободните медиуми во изборните процеси, важноста на јавното мислење, најважните геостратешки предизвици во периодот кој следи, како и стратешката комуникација.
Настанот ќе го отвори Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, а на официјалното отворање на присутните ќе се обратат и, Дејвид Мекалистер, Пратеник во Европскиот парламент и Потпретседател на Европската народна партија, Кристијан Кремер, Меѓународен секретар на ЦДУ, Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ како и Стефан Андоновски, Секретар за меѓународна соработка на партијата.
Пред присутните свое излагање ќе имаат Ѓоргија Сајкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, Гордана Димитриеска Кочоска, Владо Мисајлоски и Тимчо Муцунски, како и експерти од практиката.