Asset Publisher

Извештаи за настани

Стратешко планирање за политички промени 2024

Работилница

Во рамки на одличната соработка, КАС и ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ организираа тридневен настан наменет за највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и членовите на Извршниот комитет, со цел дискусии и стратешко планирање за активностите на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период. Настанот се одржа од 23 до 25 февруари во Велес. Овој настан опфати и стручни презентации на бројни домашни и странски политичари, како и експерти од практиката.

Asset Publisher

На почеток

Настанот го отвори Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер. Во своето излагање пред присутните Браун истакна „Како што нашите демократски општества се развиваат и менуваат, така мораат и политичките партии исто така да се развиваат, со цел да се прилагодат на желбите и очекувањата на гласачите. Ова е предуслов за да се извојува предност на едни демократски избори. Оттука, нас како Фондација Конрад Аденауер како и Партискиот истражувачки и аналитички центар “Љубиша Георгиевски”, ни претставува задоволство можноста заедно со партиското раководство и извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ да ги адресираме овие тековни предизвици, како и да дискутираме за можни одговори и решенија“.

Пред присутните се обрати и Пратеникот во Европскиот парламент и Потпретседател на Европската народна партија Дејвид Мекалистер кој изрази задоволство од можноста Европската народна партија да придонесе кон поддршка и зајакнување на својата сестринска партија ВМРО-ДПМНЕ, особено во пресрет на кампањата за претстојните парламентарни и претседателски избори, кои ќе се случат напролет. Мекалистер отворено ја охрабри ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во позитивна и конструктивна политичка кампања, која ќе биде фокусирана на солидни и издржани политички решенија, во рамки на политичка програма која гарантира просперитет за земјата. Тој ја истакна и важноста од исходот и на претстојните избори за Европскиот парламент кои ќе се случат во јуни годинава, потенцирајќи дека овие избори несомнено ќе бидат одлучувачки за идните генерации и Европскиот континент кој се наоѓа на крстопат. Во овој поглед Европската Народна Партија се стреми да остане најсилната парламентарна група во Европскиот парламент, истакна Мекалистер.

Кристијан Кремер, Меѓународен секретар на ЦДУ, ги поздрави присутните во обраќање преку видео линк. Споредувајќи ги состојбите во двете земји, Кремер заклучи дека недостатоците се одразуваат негативно на општествата и ги разочаруваат луѓето. „На овие состојби најмногу реагираат младите, па тие се разочаруваат од политика, а кај вас и рапидно се иселуваат“. Коментирајќи ги актуелните евроинтеграции, Кремер нагласи дека силно верува во посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ја придвижи силно напред земјата преку посветена соработка и дијалог.

Со свое поздраво обраќање се обрати и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој упати искрена благодарност до Фондацијата Конрад Аденауер што несебично и континуирано ја даваат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, а ние со задоволство ќе продолжиме да вложуваме во јакнење на човечките капацитети. Претседателот Мицкоски се осврна на стратешкото планирање на партијата во пристојниот период, она што е направено до сега и што уште треба да очекуваме. Тој додаде дека е во завршна фаза  и програмата за следните избори во која има разумни проекти со детален пристап и ветувања кои имаат за цел да ја трансформираат државата.

Во рамки на настанот пред присутните свои излагање имаа и потпретседателите на партијата Александар Николоски, Владо Мисајловски и Гордана Димитриеска Кочоска, Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски како и Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски. Во рамки на овие дискусии присутните разговараа за градењето на визија и лидерство, стратешко планирање за политички промени итн.

Во рамки на настанот се одржа и интерактивна дискусија со Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен новинар, кој го опфати прашањето на клучните комуникациски пораки, подготовка и испорака на ефективна и ефикасна порака, важноста на пораката, како и правилното комуницирање на политиките во јавност.

Беше одржана и панел дискусија на тема изборниот процес и улогата на слободните медиуми.

Во текот на вториот ден долгогодишниот новинар и уредник Славица Арсова, ги вклучи учесниците во работилница околу најдобрите практики за учество во јавна дебата. Додека пак професорот и аналитичар, Владимир Божиновски зборуваше околу толкување на анкетите на јавното мислење.

Последниот ден од стратешкиот настан опфати две панел-дискусии на исклучително важни теми. „Што ја прави разликата помеѓу големите и просечните лидери?“ беше темата на Александра Јанеска-Илиев, вонреден професор на Економски факултет – Скопје на која се дискутираа основите на лидерството на највисоко политичко ниво, како и стратегиите и методите за градење успешни лидери. За главните геостратешки предизвици за 2024 година, модерирана дискусија водеа и Ивица Боцевски, поранешен Вицепремиер задолжен за европски прашања, Жидас Даскаловски, Професор на Факултет за безбедност – Скопје и Далибор Јовановски, Професор на Филозофски факултет – Институт за историја.   

Во делот на заклучни согледувања на обуката, кон дискусиите се приклучија и Давор Пашоски, од Фондација Конрад Аденауер и Стефан Андоновски, Секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ. Овој дел опфати дискусија со присутните во врска со потребите и приоритетите во наредниот период.

Тридневниот настан се осврна на теми како што се улогата на највисокото раководство во стратешко планирање,  ефективната комуникација со граѓаните, односите со медиумите, како и стратешко позиционирање во креирањето и комуницирањето политики во наредниот период.

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher