Asset Publisher

Семинар
Ausgebucht

Зајакнување на капацитетите на пратениците

Предизвиците на парламентарната демократија

Тренинг-семинар на високо ниво, наменет за пратениците во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Asset Publisher

На почеток

Details

Strengthening the capacity of the MPs

Фондацијата Конрад Аденауер организира настан наменет за новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, со цел напредна обука за подобрување на вештините за комуникација со јавноста, отвореност и транспарентност. Настанот ќе се одржи од 18 до 20 октомври во Крушево.

Како своја темелна заложба, Фондацијата Конрад Аденауер силно се стреми кон поддршка на политичките претставници на граѓаните во највисоките преставнички тела за зголемување на нивните капацитети, отчетност, транспаретност и нудење мерки и политики за справување со предизвиците.

Тридневниот настан ќе се осврне на теми како што се собраниските процедури и улогата на пратениците во парламентарното мнозинство, ефикасни модели на односи со јавност, креирање и споделување клучни комуникациски пораки, успешен пристап за јавен настап во интервју и јавна дебата, како и развој на стратегии и пристап кон дигитални медиуми.

Во рамки на настанот свои обраќања ќе имаат и Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Христијан Мицкоски, Претседател на Владата и Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, како и Никола Мицевски, Координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Обуката ќе биде спроведена од страна на експерти од областа на односите со јавност.

Овој вид на обука и успешна соработка со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е воспоставен од 2020 година, со цел континуирано унапредување на вештините и капацитетите на пратениците.

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Veranstaltungsort

Крушево
7550 Крушево
North Macedonia
Zur Webseite

Локација

Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075