Целта на овој настан беше зајакнување на капацитетите на пратениците преку обука фокусирана на комуникација со јавноста, транспарентност и отвореност, кои се клучни елементи за ефективна комуникација со граѓаните и за зајакнување на парламентарната демократија.
КАС, како дел од својата заложба за унапредување на демократските процеси, постојано ги поддржува политичките претставници во унапредување на нивните вештини за отчетност, транспарентност и креирање политики кои одговараат на современите предизвици со кои се соочуваат парламентарните демократии.
Обуката опфати широк спектар на теми, меѓу кои:
Собраниските процедури и улогата на пратениците во парламентарното мнозинство, со акцент на ефикасното дејствување во рамките на законодавната власт.
Ефикасни односи со јавноста, што вклучува креирање и споделување клучни комуникациски пораки, како и успешен пристап за јавен настап, вклучувајќи интервјуа и јавни дебати.
Стратегии за дигитална комуникација, кои се неопходни во денешното дигитално општество, каде што социјалните медиуми играат важна улога во политичката комуникација.
На настанот свои обраќања имаа Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Претседател на Владата, како и Никола Мицевски, Координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Во своите обраќања тие ги истакнаа значењето на парламентот како највисок претставнички орган, улогата на пратениците во демократските процеси, како и важноста од постојано унапредување на нивните капацитети.
Обуките беа спроведени од страна на експерти од областа на односите со јавноста и политичката комуникација, кои преку интерактивни сесии ги пренесоа своите знаења и искуства на присутните.
Оваа иницијатива претставува продолжение на долгогодишната успешна соработка меѓу КАС и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, која започна во 2020 година. Секоја година се организираат вакви обуки со цел континуирано да се унапредуваат вештините на пратениците и да се создаваат подобри предуслови за ефикасно функционирање на парламентарната демократија.