Asset Publisher

Извештаи за настани

Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци 2023

Обука

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и канцелариите на Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) и Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во Скопје, организираа тридневна обука на тема „Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци 2023“ која се одржа од 09 – 11 јуни 2023 година во Охрид.

Asset Publisher

На почеток

Обуката „Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци 2023“ се организираше втора година по ред и има за цел да ги зајакне капацитетите за практични вештини потребни за ефективно креирање политики на подмладоците на политичките партии во нивната обединета цел за унапредување на креирањето политики и состојбата на младите во Северна Македонија.

Учесници на обуката беа 20 претставници од подмладоци на шест политички партии - Алијанса за Албанците, Алтернатива, Демократска унија за интеграција, Либерално-демократска партија, Социјалдемократски сојуз на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, политички партии кои имаат пратеници во Клубот за младински прашања и политики на Собранието.

Поздравните говори ги одржа Шерифе Исмаили, програмски офицер на локалната канцеларија на регионалната канцеларија за младинска соработка; Ваљон Садики, програмски координатор на Фондацијата Фридрих Еберт и Давор Пашоски, програмски менаџер на Фондацијата Конрад-Аденауер, кои дадоа краток осврт на функционирањето на нивните канцеларии и нивниот ангажман во поттикнување активна соработка и вклученост на младите во процесите на одлучување со цел на зајакнување на младинската агенда во земјата. Понатаму, здружувањето на младите од шест политички партии е додадена вредност на овој настан, бидејќи од клучно значење е да се обезбедат заеднички можности на подмладоците во градењето на нивните капацитети и да комуницираат обединети во подобрувањето на нивната заедничка цел.

Првиот дел од обуката го одржа надворешен експерт за младински политики, Ивона Крстевска со сесии кои се фокусираа на приоритетите и препораките на подмладоците на политичките партии за подобрување на имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики и на нивните заложби за подобрување на состојбата на младите.

Вториот дел од обуката беше посветен на улогата на медиумите и политичарите во креирањето на информиран електорат, домино ефектот и уништувањето на пазарот за квалитетни информации, што го одржаа експертите од Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ.

Последниот ден од обуката беше посветен на панел дискусија со претседателите и други претставници од највисоките раководства на подмладоците на политичките партии, каде учесниците имаа можност да разговараат за унапредување на политиките за младинско учество и меѓусебна соработка.

Како клучен резултат од обуката беше изработката на Заедничката декларација на подмладоците на политичките партии како механизам за зголемено младинско учество и соработка. Заедничката декларација кога ќе биде финализирана ќе биде потпишана од претседателите на подмладокот на политичките партии вклучени во нејзината подготовка, што обезбедува посветеност на подмладоците на политичките партии за силна поддршка на процесот на унапредување на младинските политики во Северна Македонија.

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher